Ахметов е еден од најбогатите украински олигарси

Објавил: admin@magazin | 3 септември, 2018 13:06

„Спорт 1“: Газдата на Шахтер Доњецк преговара да ги купи ФК и РК Вардар!

Фото/Текст извор: ©спорт1.мк

Газдата на украинскиот гигант Шахтер Доњецк, Ринат Ахметов преговара за да ги преземе фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој повеќе од пет години инвестира во двата црвено-црни клубови, дознава „Спорт 1“.

Ахметов е еден од најбогатите украински олигарси, чие богатство се проценува на 6,5 милијарди долари, газда е на холдинг-компанијата „Систем Кепитал Менаџмент“, која е главна финансиска и индустриска корпорација во Украина, а украинскиот милијардер од октомври 1995 година е газда на Шахтер, кој го направи доминантен клуб во својата земја и редовен учесник во Лигата на шампионите.

Според информациите на „Спорт 1“, приватен авион со луѓе блиски до Ахметов викендов пристигнал во најголема тајност во Скопје за да почнат преговари со Самсоненко за превземање на сите бизниси на Русинот во Македонија. Вклучително и фудбалскиот и ракометниот клуб, кој пред една година беше европски првак.

Украинците викендов го посетиле и тренинг-кампот на Вардар во скопската населба Хиподром за да ги видат сите услови што црвено-црните ги имаат пред евентуалното превземање на клубот.

Ахметов, кој шест години беше и пратеник во украинскиот Парламент (2006-2012) од Шахтер изгради гигант освојувајќи десет шампионски титули, десет купови и седум суперкупови во Украина, а со клубот од Доњецк во 2009 година стигна и до пехарот во Купот на УЕФА.

На негова идеја во 2009 година беше изградена „Донбас Арена“, домот на Шахтер, кој беше прв стадион во источна Европа, кој беше изграден по највисоките стандарди на УЕФА со капацитет од 50.000 гледачи и овој стадион беше домаќин на мечеви на Европското првенство во 2012 година кое се одржа во Полска и во Украина.

Но, по портокаловата револуција во Украина и граѓанската војна на истокот, како и отцепувањето на Крим, поради воени дејствија во регионот на Донбас и Луганск, Шахтер сега игра во Лвов, а клупските простории се преместени во престолнината Киев.

Самсоненко по елиминацијата на Вардар од Пјуник во првото коло во квалификациите за Лига Европа најавил дека ќе го врати клубот на град Скопје, кој е основач на црвено-црните, со обврска до 31 декември да ги исчисти сите долгувања кои ги има (се шпекулира со сума до два милиони евра), но можно е наместо клубот да се врати повторно на градот, тој да заврши во раце на уште побогат бизнисмен. Самсоненко во фудбалскиот клуб е од јануари 2014 година, додека нешто порано го превзема ракометниот клуб од Михајло Михајловски, откако првично рускиот бизнисмен се појави на спортската сцена со купувањето на ЖРК Вардар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...