На него бил приклучен и полнач за мобилен, но и уште еден електричен потрошувач. Првин прегреал кабелот па се запалил тројниот приклучок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 октомври, 2021 20:32

Спој на продолжен кабел – причина за пожарот во модуларната болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжен кабел ја пеплосал тетовската модуларна болница. Служел за напојување на дефибрилатор со кој се реанимирал пациент. Од Јавното обвинителство, велат дека, болничкиот апарат не бил единствениот уред за кој продолжителниот кабел обезбедувал струја, пренесе Сител!

На него бил приклучен и полнач за мобилен, но и уште еден електричен потрошувач. Првин прегреал кабелот па се запалил тројниот приклучок.

Пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, се вели во соопшштението на Јавното обвинителство.

По воочената појава, како што велат од Јавното обвинителство, присутниот медицински персонал презел обид за гасење, но нсастанало бурно ширрење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар.

Според Обвинителството, во ширењето на пожарот придонел и системот за кислород  наменет за лекување на пациентите.

Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период. Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот, велат од Јавното обвинителство.

Од таму додаваат дека истрагата не е завршена, очекувале и дополнителни вештачења, но и анализата на германските експерти. Велат по прибирање на сите докази ќе одлучеле против кого ќе биде покрената постапка за одговорност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...