Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од денеска па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Објавил: Сара Фемина | 25 октомври, 2021 6:00

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА СТУДЕНИЛО, ОСОБЕНО НАУТРО И ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА

Фото/Текст извор: ©магазин

Од денес ќе имаме нешто пониски температури, а исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и во источните предели. 

Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од денеска па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Во текот на следната седмица, наутро ќе биде значително постудено, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -2, -3 степени. Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни...

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

НАЈНОВИ НАЈАВИ: ДАЛИ ДОАЃААТ ПРВИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?!

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека...