Особено студено ќе биде од петок па за време на викендот кога на повеќе места температурите ќе се задржат под нулата, додека наутро понекаде истите има услови да се спуштат дури и под -15 степени.

Објавил: Перо Милчин | 12 јануари, 2021 8:44

СПРЕМЕТЕ СЕ: ПОЛАРНИОТ БРАН ПРОСЛЕДЕН СО СНЕГ ДОАЃА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со услови за локални и послаби врнежи од дожд, додека на планините ќе има слаби врнежи од снег.

Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Макисмалните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа од утре доцна попладне и навечер нашата територија ќе подпадне под влијание на многу студена воздушна маса која се спушта од Акртикот. Истата ќе услови значително намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи претежно од снег. Утре и во четврток услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа од доцна попладне значително ќе оапаѓаат.

Особено студено ќе биде од петок па за време на викендот кога на повеќе места температурите ќе се задржат под нулата, додека наутро понекаде истите има услови да се спуштат дури и под -15 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃААТ УШТЕ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ И ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 90 КМ/ЧАС

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа...

Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА ВЕТЕР СО БРЗИНА ДО 80 КМ/ЧАС, ДОЖД И МНОГУ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ СТУД

Како што и најавивме нашата територија за време на викендот како и на почетокот од...