Временска прогноза!

Објавил: Стојче Бушин | 16 јануари, 2021 16:57

СПРЕМЕТЕ СЕ: ПРЕД НАС НАЈСТУДЕНАТА НОЌ ДОСЕГА ОВАА ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДЛАБОКО ПОД НУЛАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Максимумот на поларниот бран кај нас доаѓа во текот на претстојната ноќ и ќе трае се до вторник, додека од среда се очекува постепен пораст на температурите на воздухот, што значи очекуваме омекнување на времето и повлекување на поларниот бран.

Претстојната ноќ кај нас ќе биде најстудената досега оваа зима кога температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата а облачноста насекаде ќе се намали.

До утре изутрина вредноста на температурите ќе се спушти во интервалот од -15 до -4 степени, додека понекаде, особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и до околу -20 степени. Понатаму времето ќе биде сончево, повремено со умерена локална облачност.

Ќе дува и слаб до умерен, до крајот на денов повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе направи температурите на воздухот да се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.

Максималните температури пак до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 4 степени во најтоплите предели, додека од среда како што веќе кажавме следува постепен пораст на истите.

За време на овој поларен бран, во Скопје темперратурите на воздухот наутро се очекува да се спуштат до околу -8 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 0 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.

ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА КЛИМАТОЛОШКАТА ПРОЛЕТ : ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ?

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно...

Од недела температурите ќе бележат тенденција на пад за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ЗА ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА МАКСИМАЛНИТЕ ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес, како и во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно, суво и сончево...