„Тука не е место за пуштање на вакви материјали. Има институции каде може да пријавите“, рече Џафери.

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 февруари, 2020 18:50

Спречен обид за објавување нова “БОМБА” во собранието(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски откако собранискиот спикер не му дозволи да пушти наводна „бомба“ за лидерот на СДСМ, Зоран Заев поврзана со случајот „Рекет“ извади транспарент за како што рече, Денот на вљубените „Св. Валентајн“.

Милошоски прочита соопштение на СДСМ од 2017 година за фирмата на Крсто Мукоски од Вевчани, каде ја обвинуваат фирмата на фамилијата Мукоски за криминал од 2 милиони евра за АД за стопанисување со деловен простор, а поврзано со стадионот во Скопје.

– Крсто Мукоски е тука и јас никогаш не сум рекол дека е терорист, но Груби, Ременски и Богоевски и останати не знам дали го промениле мислењето дека е терорист, но очигледно дека тендерите се поважни од Јавното обвинителството на селективен политички начин, вели Милошоски.

За несвесната грешка на 27 април си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате, рече пратеникот Крсто Муковски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во дебатата за законот за јавно обвинителство рече го критикуваше за собраниските настани од 27 април.

Пред дебатата беше спречен обид за објава на нова бомба во која е инволвиран лидерот на СДСМ Заев.

Во Собранието за Законот за ЈО прв се јави Милошоски кој што сакаше да пушти „бомба“ за вмешаност на Заев во случајот „Рекет“.

Обидот беше спречен од спикерот Талат Џафери.

„Тука не е место за пуштање на вакви материјали. Има институции каде може да пријавите“, рече Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...