
Спорт
МакСпорт
Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи.
Причината е блокираната сметка на пливачката федерација на Македонија. Претседателот на државата Стево Пендаровски кој е главен покровител на маратонот преку соопштение ги образложи причините.
„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.
Иако состојбата е комплицирана, сепак можеби требало да се најде решение и да продолжи големата традиција на овој маратон.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.