Владиниот портпарол, Бошњаковски низ три прес конференции ни го објасни историското политичко патешествие на лубрикантот во општествениот живот на еден македонски граѓанин

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 12:03

Срамно, Бошњаковски потроши три преса за лубриканти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Скандалозната јавна набавка од страна на Владата на Македонија за лубриканти за ЛГБТ здружение на граѓани веќе ја премина секоја граница.

Владата и нејзинит портпарол по објавата на јавната набавка на 20.000 лубриканти со спецификации одржа три прес конференции.

На првата беше појаснето дека тоа е со соработка со ЛГБТ здружение на граѓани кое во основа поддржано од невладината организација ХЕРА каде пред да стане министерка активен член беше министерката за труд и  социјална политика, Мила Царовска.

Бошњаковски на првата прес конференција појасни дека лубрикантите се купуваат за да се делат заедно до кондоми како зголемување на безбедноста од ХИВ и СИДА.

По реакциите од јавноста Бошњаковски се огласи и со втора пред конференција на која при здрав разум обвини дека ова е прв пат извршната власт во име на организација на граѓани да набавува лубриканти.

Последниот прес на Бошњаковски ја прели чашања. Владиниот портпарол ја обвини претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, дека во нивно време власта дозволувала други да ни купуваат лубриканти.

Срамота е Влада на Македонија да потроши три прес конференции на несериозна тема. Превенцијата против ХИВ вирусот и СИДА-та како заболување мисија на граѓанските организации и министерството за здравство но и во 90 отсто тоа се проекти преку кои организациите добиваат и кондоми и лубриканти преку невладините и владини организации од Европската Унија, најчесто од Скандинавските земји.

Реакциите на јавноста преминуваат во гнев, со отворено прашање, ако Владата смета дека треба да партиципира во набавка на лубриканти, што е гест на лична свесност за лична безбедност при интимен чин – сексуален однос, тогаш зошто не купува и хигиенски влошки, пелени, тампони итн.

Бошњаковски во екот на политичка криза очигледно преку три прес конференции сака да прикрие зошто Владата на Македонија едноставно не го реализирала проектот преку надлежните министерства, она на Царорска или Филипче што го отвара сомнежот кој има судир на интереси во целиот процес?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби голема поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.

Официјално Гордана Силјаноска кандидат за претседател на Македонија

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски...

Очигледно Апасиев работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Савески : “Апасиев соработува со ВМРО ДПМНЕ, тој изврши пуч на Левица”

Здравко Савески кој е член на преизидумот на политичката партија Левица и основач...

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април,

Заев : „Ќе слетам во Грција со владиниот авион на кој ќе пишува Република Северна Македонија„

За Независната балканска новинска агенција (ИБНА) премиерот Заев изјави дека, прва...