Правната лакрдија со уставните амандмани целосно ја разобличи државната творба, Македонија, држава на Македонскиот народ, која сега е подготвена за рестарт од нула

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 11:51

Срамота е на членка на НАТО да и го гарантираме територијалниот интегритет

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Собраниската Комисија за уставни прашања со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржа и четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа

Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани.

Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај потврдување на македонскиот идентитет, да стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Претходните денови Комисијата усвои три амандмани на Уставот.

Со првиот амандман се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во член 36 каде има историски аспект, со вториот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор, а со третиот се додава нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави.

Расправата по амандманите во Комисијата почна на 7 ноември и беше предвидено да трае 12 дена.

Пленарната седница на која треба да се разгледаат нацрт-амандманите е закажана за 1 декември. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас.

По усвојувањето на амандманите во Собранието ќе биде организирана јавна дискусија, по што Владата ги изготвува предлог-амандманите и повторно ги доставува до Собранието кое треба да ги донесе со двотретинско мнозинство или за нив ќе треба да гласаат најмалку 80 пратеници.

За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство.

Правно со ако амандманите го поминат и третиот филтер за кој е потребно 2/3 мнозинство, Македонија станува нова, најмлада држава во светот, Република Северна Македонија, во која нема да живеат граѓани на Македонскиот народ. Историскиот континуитет е целосно доведен во самонегирање, се брише постоењето на македонско етничко малцинство во соседните земји и за прв пат во историјата се гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседна држава.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...