Поранешна пратеничка со груби навреди кон македонските граѓани

Објавил: Узунов Бобан | 11 јануари, 2019 11:13

СРАМОТА за ПРАТЕНИЧКА: Шака бедни и јадни луѓе протестираат за името

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната пратеничка Ѓулистана Маркоска на синоќешното интервју на ТОП ТЕМА на телевизија Телма упати остри навреди кон граѓаните кои се против и протестираат против Преспански договор и преименувањето во нашата држава во Северна Македонија. Токму пред финалното гласање во Парламентот, а со намера да го амортизира незадоволството грубо ги навреди македонските граѓани

Луѓето што протестираат се шака од бедни и јадни луѓе кои протестираат за да се прехранат и ги собираат од дома ! 

Ѓулистана Марковска во првиот пратенички состав беше дел од Сојузот на реформски сили, па потоа да премине во ВМРО-ДПМНЕ. Во последниот период Маркоска се претставува како идеолог на ВМРО и стана актуелна со т.н реформаторска група во ВМРО-ДПМНЕ, а деновиве е актуелна со силна поддршка на Преспанскиот договор.

Срамота за јавна личност, поранешен пратеник и интелектуалец да ги навредува сопствените граѓани и мнозизнството од македонскиот народ кои се изјасниле дека се против промена на името и го остваруваат своето демократско право на протест. 

  Оваа група реформатори, заедно со нас ветераните, гледа дека постои незадоволство во партијата. Можеби е добро ВМРО-ДПМНЕ да биде одреден период во опозиција за да сфати каде греши, во кој момент ги направило грешките и на тие грешки да се научи да биде добра партија-изјава на Марковска од октомври 2017 година

Македонските медиуми кои држат до својот дигнитет и не се согласуваат со нејзините ставови во најмала рака треба да ја бојкотираат Ѓулистана Маркоска, да не ја повикуваат на интервјуа и да не земаат изјави од неа. 

 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија