Секако ваквото видео предизвика многу негативни реакции и коментари од револтирани корисници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2019 21:00

СРАМОТА: Камион истура градежен шут во Охридското езеро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На социјалните мрежи  осамна видео на кое може да се види дека на стариот пат Охрид-Струга, камион истура земја или шут во езерото кое воедно е под заштита на УНЕСКО.

Секако ваквото видео предизвика многу негативни реакции и коментари од револтирани корисници.

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското населдство на УНЕСКО.

Едмонд Адеми министерот без ресор задолжен за дијаспората и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство, вчера одржаа заеднички брифинг за новинарите на кој ги презентираа активностите и напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО за охридскиот регион.

Адеми потенцираше дека Владата сериозно го интензивира процесот на имплементација за препораките на УНЕСКО и дека тие се спроведуваат согласно предвидената временска рамка.

„Се интензивираат комуникациите со УНЕСКО, на политичко и експертско ниво, нешто што недостасувало долги години наназад. Нацрт-планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат. Во транспарентен процес Планот ќе биде доставен на увид на јавноста на интернет страниците на Министерство за култура, на Министерството за животна средина и просторно планирање, и на општините Охрид и Струга, во траење од 60 дена”, информираше Адеми на брифингот со новинарите.

 

Извор курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

-да не беа глумците и македонскиот етнос, носии и музика филмот ќе беше класично фијаско, единствено вредеше насмевката на аутистичното дете Кире на крајот.

Панчевски распали по режисерот Манчевски: Филмот “ВРБА”е реален и суров, ниско ниво на култура и негативен одраз за традицијата!

Македонија е нашата мајка и жална врба! Еве сега видовме дека може да биде машка и женска,...

Таа иронично вели дека ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, мислејќи на тоа дека можеби е подобро да се направат паркчиња и да се посадат дрва.

Весна Бејби: И така сите ќе умреме, барем вие да си градите

Познатата македонска актерка Весна Бејби Петрушевска по информацијата дека Општина...

Новинарот истакна дека ги примил заканите, и дека од сега па натаму сите оние кои планираат да се занимаваат со неговото семејство ќе бидат пријавени во соодветните институции.

Јанко Илковски: Добивам закани преку своите деца, ќе бидам приморен да се бранам

Новинарот и водител на емисијата Јади бурек, Јанко Илковски јавно на својот Фејсбук...