Со вакви случаи во време на пандемија се соочуваат работниците од повеќе компании,велат од невладината Гласен текстилец.

Објавил: Сара Фемина | 26 март, 2020 19:04

СРАМОТА: Одјавени текстилни работнички

Фото/Текст извор: ©24.мк

Отишле на лекар и дознале дека работодавачот ги одјавил.

Со вакви случаи во време на пандемија се соочуваат работниците од повеќе компании,велат од невладината Гласен текстилец, пишува 24.мк.

За сите случаи пријавени до нив го известиле инспекторатот, но бараат Владата итно да побара список од Агенцијата за вработување за да се види точната бројка на работници. Сметаат дека сите фирми каде ќе се утврдат вакви неправилности треба да бидат избришани од листата за државна подршка како дел од мерките за справување со корона вирусот.

Поради откажани нарачки, но и заштита на вработените неколку претежно странски компании ги испратија вработените на колективен одмор. Неколку компании најавиле дека тоа ќе го сторат од понеделник. Засега тоа не е случај во Штип и околните помали градови каде работат текстилните фабрики. Ампева вели дека и покрај тоа што генерално се почитуваат мерките за заштита, сепак работничките се исплашени.

Добра работа е што во автобусите со кои одат на работа е намален метежот, а со одлука на општинскиот кризен штаб, тие редовно се дезинфицираат. Сепак смета Ампева, сега кога се очекува пикот на епидемијата со корона вирус во државата, работодавачите треба да им дадат можност на работниците да го искористат вториот дел од годишниот одмор за 2019-та.

Во меѓувреме дел од компаниите од истокот се вклучија во акција за изработка на средства за заштита. Се шијат заштитни маски, а делчевска компанија изработи 200 пластични визири што ќе ги добијат болниците каде веќе се лекуваат болни од коронавирус, како и други здавствени установи во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Некои од припадниците на МВР наместо во оваа тешка состојба да се грижат за јавниот ред и мир во време кога има полициски час, се решија од позиција на моќ да упатат закани.

„Седете дома клошари“: Полицајци на граѓаните се закануваат со пендрек и 10 години робија (ФОТО)

Две непознати лица облечени во полициска униформа се фотографирале на социјалните...

Со плата од 14.500 денари, за гелот за дезинфекција во оваа тешка ситуација поскапува секој ден од 310 денари до цена од 1600 денари.

СРАМОТА- КАДЕ СЕ ИНСПЕКЦИИТЕ? Гел за дезинфекција од 310 денари СКОКНА до 1600 денари(ФОТО)

Гел за дезинфекција по дел аптеки низ Македонија достигна цена од неверојатни 1600 денари. ...

Со тоа работодавците директно ја кршат Владината мерка, поточно одредбата “За да ги чуваат децата дома, платено отсуство и во државно и во приватно ќе добие по еден родител на помали од десет години.

ПАДНАА ПРВИТЕ ОТКАЗИ ПОРАДИ КОРОНА: Мајки барале слободни денови по закон, нo добиле ОТКАЗ

Адвокатката Весна Богова информираше на социјалните мрежи за давање откази од работа...

Пред неколку дена Магазин дојде до шокантни сознанија кој упатуваат на конфликт на интерес во случајот со земени пари за јубилеен концерт на оперска пејачка.

Оперска пејачка од скандал во скандал – Одложила концерт за кој земала пари?

Пред неколку дена Магазин откри дека оперската пејачка Весна Ѓиновска – Илковска,...