Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јули, 2019 16:35

СРАМОТА: По кадата пронајдена и вреќа со плочки на дното на Охридско езеро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дека сами си го уништуваме културното наследство, и нашите скапоцености говори и оваа фотографија.

Откако пред само неколку дена од дното на Охридското езеро на 100 метри оддалеченост од брегот, беше извлешена када, сега повторно на истата локација извадена е и вреќа со градежни плочки. Според нуркачкиот клуб кој го извлече градежниот шут од дното на Езерото, се работи за санитарни реквизити од истото реновирање на несовесниот граѓанин.

Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.

Градежниот шут бил извлечен изминатиов викенд од членот на нуркачкит центар „Акватек“, Никола Паскали. Вреќата со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана на дното од езерото.

Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.

За потсетување, „Акватек“ пред неколку дена објавија дека на дното на Охридското езеро пронашле фрлена када.

Локацијата каде е пронајдена кадата е помеѓу Срјшче и Мостот на желбите, на 100 метри од брегот и на длабочина од 5 метри.

Откако беше објавено дека Охрид, ќе го загуби статусот на унеско, месецов му беше дадена последна шанса, па Охрид засега се спаси и не се најде на листата на загрозени подрачја. УНЕСКО на состанокот во Баку му даде уште една шанса на градот и беше одлучено за седум месеци, односно до први февруари да бидат исполнети сите 19 препораки дадени од Комитетот за зачувување на заштитениот регион. Како прв чекор на охридските власти е рушење на дивоградбите кои во Охрид ги има дури 1076 од кои повеќе од 400 се на крајбрежјето на езерото. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна...

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...