Градоначалникот Петре Шилегов и Град Скопје, на скопјани им го честитаа Денот на народното востание, 1-ви октомври, 10 дена порано од "првата пушка" во Прилеп и Куманово

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 13:33

Срам за Град Скопје, честита 1-ви наместо 11-ти октомври

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Првата пушка пукнала во Прилеп и Куманово на 11 октомври, затоа што во Скопје според Шилегов се пукало 10 дена порано.

Грешката и не е проблем, прашањето е за колкава плата работи бројната Пи Ар служба на Град Скопје ако не може да напише 300 карактери а да не направи кардинална грешка?

На официјалниот твитер профил на градот Скопје, стои дека делегација составена од градоначалникот Петре Шилегов, Претседателот на Советот Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, положија свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје, во чест на Денот на народното востание.

Сепак она што остава впечаток е дека во објавата пишува дека Денот на народното востание е 1-ви а не 11-ти октомври.

Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот Петре Шилегов, Претседателот на Советот Љубица Јанчева и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, во чест на 1-ти Октомври-Денот на народното востание, положија цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје. – стои на Твитер.

По бројни реакции на граѓани, објавата беше тргната, корегирана па репостирана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали започна подземната внатрепартиската битка во СДСМ за претседателски кандидат ?

(Видео) Срдечен пречек за Јохан Тарчуловски од Никола Димитров во Хаг. Дали започна подземната битка во СДСМ?

Никола Димитров е најчестата личност која дел од медиумите на албански јазик го анализираат,...

Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски.

Која е Гордана Силјановска -Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија ?

Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер...