После проверката во нивата, утврдено е дека станува збор за рачна бомба М75.

Објавил: Сара Фемина | 25 март, 2019 18:46

Србин во Грачаница пронајде бомба во нива ! Дали е ова порака до српскиот народ на Косово ?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Србин од Грачаница, Косово, вчера утрото кога ја обработувал својата нива, пронашол во земјата чуден предмет, кој подоцна е утврден како рачна бомба М75 !

Додека ја обработувал својата нива вчера утрото, србин од Грачаница пронашол предмет кој личел на бомба.

Предметот му станал многу чуден, се оддалечил од него и веднаш ја повикал косовската полиција, После повикот косовската полиција веднаш пристигнала на терен, заедно со екипа за елиминација за експлозивни направи.

После проверката во нивата, утврдено е дека станува збор за рачна бомба М75. Полицијата после стандардната процедура ја извадила и уништила подметнатата експлозивна направа.

Косовското Министерство за внатрешни работи, се уште се нема изјаснето детално за случајот !

Грачаница е град и општина во централниот дел на Косово, во Приштинскиот округ. Тој е српска енклава која се наоѓа 10km од центарот на Приштина. Војната во Косово 1999 го промени лицето на местото Грачаница. Од мирно и мало село, тоа стана центар на 75,000 Срби кои живеат во јужниот дел на Косово.

Да подсетиме дека вчера се наближија 20 години од бомбардирањето на НАТО брз СФРЈ.

НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно, со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации, каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, исто така ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ, иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони.

Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.

НАТО целите за да се нападне СРЈ биле кажани на нивната средба во Брисел на 12 април 1999 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Честитајќи им на „ренџерите“ на новите реновирани простории министерката изрази задоволство што добиваат подобри услови за работа и што тоа значи нов чекор во подобрувањето на стандардите во Армијата.

Армиските ренџери добија нови реновирани простории

Министерката Радмила Шекеринска денес во касарната „Илинден“ го посети реновираното...

Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.

Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари...

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 март (четврток)...

Од почетокот на 2020 година – 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

ВО ТЕКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА – 446 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека минатата година беа реализирани 446 нови...