
Македонија
Вести
Србин (37) и Босанец (43) беа уапсени изутрина, во Италија во градот Варезе под сомнение дека ограбиле излог на познатата продавница „Гучи“. Во кражбата одзеле парфеми, торби и накит во вредност од 102.915 евра.
На снимката објавена од италијанските медиуми се гледа дека двајца мажи со двајца други асистенти провалиле во излогот, а потоа одзеле чанти, накит, парфеми и други брендирани и скапи предмети.
Благодарение на снимките од надзорната камера, Србинот и Босанцот беа пронајдени, а потоа беа уапсени од полицијата, јавуваат италијанските медиуми.
Украдената стока е пронајдена во гаража што доведувала до еден од разбојниците, а полицијата истражува дали двајцата балканци се вмешани во друг грабеж во Италија, пренесува Телеграф.
http://https://www.youtube.com/watch?v=O-JpR7KALbY&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.