Изгубивме толку многу животи, и можевме да ги спасиме. Вакцинирај се. Не знам што друго да кажам на таа тема”, додаде таа.

Објавил: Сара Фемина | 12 септември, 2021 10:26

Србија воведува ковид сертификати за влез во кафулиња, ресторани, ноќни клубови…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Србија се подготвува да воведе ковид-сертификати, изјави премиерката Ана Брнабиќ, по состанокот на Кризниот штаб, кој заседаваше вчера поради влошената епидемиолошка состојба во земјата.

Се подготвуваме за воведување ковид-сертификати, тоа е одлуката. Сертификатите ќе бидат за места како – ноќни клубови, барови, кафулиња и ресторани. Тоа нема да биде за продажни места, бидејќи е нереално и неуставно” рече Брнабиќ.

Таа нагласи дека државата направила се што може о борбата против коронавирусот, но дека граѓаните мора да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките.

Изгубивме толку многу животи, и можевме да ги спасиме. Вакцинирај се. Не знам што друго да кажам на таа тема”, додаде таа.

Кога станува збор за наставата, Брнабиќ рече дека децата се најбезбедни во училиштата, и дека нејзиното барање е да се смени протоколот, според кој во случај на заразување на 10% од учениците, се менува моделот на настава, така што учениците ќе одат во училиште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Увозот на енергенсите во текот на оваа година во Србија достигнал вредност од 3,1 милијарда евра, што според податоците на НБС е за 3,1 милијарда евра повеќе отколку во првата половина од минатата 2021 година.

Во Србија инфлацијата е 12,8 отсто поттикната од цените на храната и енергенсите

Инфлацијата во Србија во јули била на нивото од 12,9 отсто, од што повеќе од две третини...

Надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на пазарот и соодветно да преземаат соодветни мерки, велат од српската влада.

Србија ја укина забраната за извоз на масло за јадење

Владата на Република Србија на седница денеска донесе одлука за укинување на забраната...

Според објавените резултати, актуелниот претседател Александар Вучиќ освоил најмногу, односно 58, 59 отсто од гласовите или 2 157 008 гласови, а ова е целосната прелиминарна листа која ја објави РИК, а пренесоа српските медиуми:

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Вучиќ доби 58,59 отсто од гласовите

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави прелиминарните резултатите од парламентарните...