Заклучно со 1 јуни годинава, во таа земја биле официјално пријавени 244 жртви од Ковид-19, но вистинската бројка е далеку повисока и изнесува 632 лица, објави БИРН повикувајќи се на анализа на официјалните податоци од државниот систем.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јуни, 2020 23:15

Србија ги лажирала бројките на починати од Ковид-19 поради изборите?

Фото/Текст извор: ©Дојче веле

Истражување на Балканската истражувачка мрежа покажува дека бројот на жртви од коронавирусот во Србија е повеќе од двојно повисок од оној кој го пријавуваат властите. Податоците се лажирале секојдневно, пишува Дојче веле.

Во Србија во неделата се одржаа парламентарни избори на кои убедлива победа однесе досегашната владејачка партија СНС на претседателот на државата Александар Вучиќ.

Бројот на жртви од коронавирусот во Србија е многукратно повисок од оној кој го пријавиле тамошните здравствени власти, открива  истражување на БИРН. Заклучно со 1 јуни годинава, во таа земја биле официјално пријавени 244 жртви од Ковид-19, но вистинската бројка е далеку повисока и изнесува 632 лица, објави БИРН повикувајќи се на анализа на официјалните податоци од државниот систем. Последните недели се правеле манипулации и со бројот на заразени од вирусот. Па така, минатата недела дневно имало меѓу 300 и 340 новозаразени од коронавирусот, а пред јавноста било соопштено дека вкупно има 97 новозаразени. Новинарите на БИРН дошле до податоците преку специјален „Извештај за владата“ кој бил подготвен од здравствените власти.

Најголема разлика во бројот на умрените пациенти била забележана во Клиничкиот центар во Ниш каде властите официјално тврдеа дека починале 77 пациенти. Но скриените податоци укажуваат дека вистинската бројка на жртвите е 243 луѓе. На една клиника во Белград и на една во Земун бројот на жртвите бил „намален“ за по педесетина луѓе. Во бројни други болници низ земјата резултатите се намалувале за по десетина пациенти. Лажирањето на бројките на починатите започнало уште во април годинава, а траело се до почетокот на јуни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Дури три деца на возраст од пет и 15 години имаа тешка клиничка слика во последните две недели поради ковид 19 и беа ставени на респиратор во УДК Тирчова, додека едно 14-годишно момче во моментов е на респиратор на КБЦ „Драгиша Мижовиќ“.

ОПАСНО! Се поголем бројот на деца кои завршуваат на респиратор!

Вториот удар на коронавирусот ги погодува дури и најмладите, во претходните две недели...

Тој додаде дека лажен негативен резултат може да се случи и при крајот на инфекцијата.

МОЖЕ ДА ИМАТЕ КОРОНА А ТЕСТОТ ДА БИДЕ ЛАЖНО НЕГАТИВЕН: Доктор Јанковиќ објаснува како се случува тоа и каде се наоѓа вирусот во ваков случај!

Многу работи за вирусот корона нè изненадуваат од ден на ден, а особено беше шокантно...

Тој додава дека има голем притисок врз ковидските клиники и бара трпеливост од пациентите и учесниците на сите нивоа.

ЕПИДЕМИОЛОГОТ КОН ОТКРИВА КОЛКУ ВРЕМЕ МОЖЕ ДА НЕ ЗАШТИТИ МАСКАТА: Вака се намалува опасноста од пренесување на коронавирус!

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека Србија е во сериозна состојба, што е неповолно...

Тој рече дека од Косово чекаат многу тешки работи, на есен и она што треба да го направат е најпрво да се посветат на економијата, потенцирајќи дека треба да се работи понапорно, граѓаните да бидат поисцрпни, за да може да се преживее.

ВУЧИЌ: Ветувам, Србија ќе има подобри резултати од останатите држави!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вети и покрај тешките работи што ја очекуваат...