
Свет
Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испратил писмо до Владата на Србија во кое бара еден милион евра да бидат префрлени на Владата на Хрватска како помош поради низата земјотреси што ја погодија оваа земја!
Да потсетиме, Вучиќ вчера изјави дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска, како на технички, така и на финансиски план, и дека се надева дека земјотресот поминал со минимални жртви.
– Подготвени сме да пружиме секаков вид помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите капацитети – нагласи тој.
Вучиќ рече дека ако Србија може да помогне нешто, тоа ќе го стори.
Многу ми е жал и подготвени сме да обезбедиме секаков вид техничка и финансиска помош – додаде тој.
Додека пак на Македонската Влада на вчерашнара седница донесе одлука да испратат 100.000 евра помош за Хрватска, после низата катастрофални земјотреси кои ја погодија оваа земја!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.