Репрезентацијата на Германија е светски шампион во кошарка, откако во финалето во Манила (Филипини) ја совлада селекцијата на Србија со 83:77.
Германците беа единствените кои без пораз завршија на Миндобаскетот и на крајот заслужено но и со помош на судиите дојдоа до првата светска круна во својата историја.
Србија одигра одлично прво полувреме (47:47), но во вториот дел промашија голем број зицери и отворени шутеви, а тоа одлично го искористи германската машинерија.
Денис Шрудер со 28 поени беше прво име во таборот на Германија, додека кај поразените најефикасен беше Алекса Аврамовиќ со 21 кош.
Бронзата ја освои селекцијата на Канада која во малото финале славеше над САД со 127:118 по продолжение.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.