Од Србија веќе добивме 8 илјади вакцини на „Фајзер“ кои беа за здравствените работници од Ковид-центрите.

Објавил: Перо Милчин | 1 април, 2021 17:14

Србија и подари на Македонија уште 20 илјади руски вакцини

Фото/Текст извор: ©sdk

Стигна втората донација од Србија, двапати по 20 илјади дози „Спутник“ вакцини, во период кој е многу важен за продолжување на континуитетот на масовната вакцинација против ковид-19, кажа денеска премиерот Зоран Заев пред Институтот за трансфузиологија, пренесе Сдк!

Од Србија веќе добивме 8 илјади вакцини на „Фајзер“ кои беа за здравствените работници од Ковид-центрите.
Денеска стигна првата пратка од 20 илјади дози „Спутник“, за кои што Заев рече дека е од пратка на Србија од 100.000 дози. Премиерот додаде дека Србија од пратката која ќе биде вкупно 200.000 дози, за нас ќе одвои 40.000, но не откри кога ќе стигнат вторите 20.000 дози.

Заев апелираше до граѓаните да се пријават за термин за вакцина, додавајќи дека сите вакцини се безбедни, и што побрзо заврши вакцинацијата „побрзо ќе го победиме овој невидлив непријател“.

Во април се очекува втората пратка од „АстраЗенека“, односно 76 илјади дози преку Ковакс-механизмот, како и вакцините од Кина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Од следната недела пристигаат поголеми количини на вакцини и ќе ги подигнеме капацитетите за вакцинација на максимум. Ве уверувам дека брзо и ефикасно ќе вакцинираме со цел што побрзо граѓаните да стекнат имунитет.

Мерките дадоа резултати, вели Филипче

Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати, вели министерот...