Додека НАТО глуми загрижен за плановите на Приштина да формира свои вооружени сили, шефот на српската влада индирекнто прети

Објавил: Македонка Димкин | 5 декември, 2018 23:59

Србија му се заканува на Косово индиректно со воена сила!

Фото/Текст извор: ©Keystone / Мaгазин

Угледниот дневен швајцарски весник и онлајн портал „Der Bund„ цитира: Додека косовскиот парламент планира актуелните Косовски безбедносни сили (КБС) да ги преименува во редовна армија,  во спорот околу планираното формирање на  армијата во Косово, Србија  не ја исклучува употребата на воена сила.

“Се надевам дека никогаш нема да мораме да ја користиме нашата армија, но во моментот ова е една од можните опции”, рече во средата шефот на владата Ана Брнабиќ. НАТО, исто така, „ги критикуваше„ плановите на косовската влада иако се знае дека истите се опремени токму од Нато. Ова доаѓа во погрешно време, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел.

Ако Приштина навистина формира свои вооружени сили, воената алијанса ќе мора да “размисли за степенот на нејзиното учество во Косово” велат извори од НАТО

Ана Брнабиќ е првата жена премиер на Република Србија од 29 Јуни 2017 година. Претходно беше министер за државна управа и локална самоуправа. Родена е на 28 септември 1975. Во политиката влезе независно а порано била и потпретседател на управниот одбор на НАЛЕД. Дедото на Ана од страна на таткото што значи и нејзиниот татко е хравт од Стара Башка кај Крка, додека бабата е србинка. Ана поседува мастер диплома МБА од университето Хал во Велика Британија и има искуство од преку десет години со невладини организации. Јаван тајна е дека премиерката е само фигура додека пак одлуките ги носи претседателот Александар Вучиќ

Од крајот на косовската војна во 1999 година, па досега, мисијата на НАТО КФОР предводена од НАТО беше одговорна за безбедноста на Косово. Во моментов, таа вклучува повеќе од 4.000 војници. А според нашите информации истата таа КФОР војска чини повеќе од две милијарди годишно.

Косовскиот парламент сака да гласа на 14-ти декември за трансформацијата на итните сили за безбедност на Косово (КБС) во редовна армија.Српскиот претседател Александар Вучиќ во вторникот ги обвини косовските власти дека сакаат да го “протераат” српското малцинство од северно Косово.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак изјави дека загриженоста на власта во Белград во  е неоснована. Плановите не беа насочени против косовските Срби, но идната армија треба да ги поддржи операциите на НАТО во Авганистан и Ирак.
Косово еднострано ја прогласи својата независност од Србија во 2008 година. Повеќе од 110 држави досега ја признаа независноста. За Србија Косово е сепак дел од земјата и го смета за своја провинција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Таа најпрво имала лесна сообраќајка со друго возило, и кога решила да излезе од возилото да види колкава е штетата, наишол автобус кој ја изгубил контролата

ТРАГЕДИЈА: Српска новинарка во сообраќајка ја изгуби раката!

Водителката од утринската програма на српската телевизија „Пинк“ Деа Ѓурѓевиќ, ...

Се удавиле бремена жена и нејзиниот маж со ќеркичката, родителите можеле да испливаат но сакале да го спасат детето: Пријател скокнал да ги спаси и отишол со нив во смрт!

Трагедија на Скадарско Езеро , мајка и татко сакајќи да го спасат детето заминаа во смрт!

Бремената жена Јана Кумбуровиќ, нејзиниот сопруг Ратко и нивното 12-годишно дете се...

Сајтот airvisual.com, ги следи податоците на загаденост во воздухот во градовите, а спрема последните податоци забележани околу 16.30 Белград е на 21.место со индекс 124.

Скопје не е единствен град што е најзагаден во светот

Според податоците од сајтот Airvisual.com, кој објавува листа на градови по индексот на загаденост,...