Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32 проценти и Виетнам – 22 проценти, по што следат Хондурас – 7 проценти, Уганда – 6 проценти и Колумбија – 5 проценти.

Објавил: Сара Фемина | 2 октомври, 2021 9:33

Србија произведува најмногу кафе во регионот, Македонија на 5 место

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Истовремено во нашата земја биле произведени 4,1 илјада тони кафе, покажуваат податоците на Евростат, објавени по повод Меѓународниот ден на кафето 1 Октомври.

Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.

Според податоците на Евростат, во регионот најмногу кафе е произведено во Србија – 20,4 илјади тони кафе, потоа Грција – 14,6 илјади тони, Босна и Херцеговина – 11,6 илјади тони, Храватска – 10,7 илјади тони, потоа Северна Македонија – 4,1 илјада тони, Бугарија – 1,4 илјади тони и Црна Гора – 1,05 илјади тони кафе.

Најголем производител на пржено кафе во ЕУ е Италија со 616 илјада тони или 32 проценти од вкупното прозиводство на ниво на цела ЕУ, по што следат Германија со 571 илјади или 30 отсто, Франција 149 илјади или 8 проценти.

Вкупно 2,9 милиони тони кафе се увезени во 2020 година во ЕУ, што е раст од седум проценти споредено со 2010 година.

Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32 проценти и Виетнам – 22 проценти, по што следат Хондурас – 7 проценти, Уганда – 6 проценти и Колумбија – 5 проценти.

Околу 38 проценти од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19 проценти, Белгија – 11 проценти, Шпанија – 9 проценти и Франција – 7 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Злосторството во градот Конгсберг предизвика тага и ужасеност во Норвешка. Осомничениот напаѓач, кој со лак и стрели, уби пет и рани две лица е 37- годишен Данец, соопшти норвешката полиција.

Норвешка во шок по смртоносниот напад со лак и стрели

Злосторството во градот Конгсберг предизвика тага и ужасеност во Норвешка. Осомничениот...

Според политичките аналитчари во Албанија, балканската турнеја на Меркел која за еден месец заминува во политичка пензија е потврда за тоа колкаво значење Гемранија придава на Западен Балкан.

Меркел денеска ќе допатува во Србија, а во вторник ќе ја посети Албанија

Германската канцеларка денеска ќе допатува во Србија, а во вторник ќе ја посети Албанија. Меркел...

Сепак, не е исклучена можноста од повторно воведување рестрикции доколку епидемиолошката состојба во државата повторно се влоши.

Данска од 10 септември ги укинува сите мерки против Ковид-19

Од 10 септември Данска ги укинува сите рестрикции воведени поради пандемијата од Ковид-19,...