
Свет
Србија
Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави дека Србија како членка на Обединетите нации ќе ја почитува одлуката на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал да се тргне марихуаната од листата на наркотици. Тој посочи дека Србија веќе работи на тоа.
– Ние веќе влеговме во прашањето и како членка на ОН, ќе почитуваме сè.
Ние работиме на тоа и како што тие замислиле, нема причина да не се применува, без да се загрозат граѓаните и законодавството – посочи министерот Златибор Лончар!
Одлуките ќе бидат донесени од најголемите експерти во нашата земја, и ги замолувам сите да не погодуваат однапред што и како ќе се случи, туку да бидат трпеливи. Тоа е исклучително чувствителна тема, додаде Лончар.
Здруженијата Социјален канабис клуб Белград и ИРКА испратија писмо до државниот врв, со цел да се надмине сериозниот правен проблем предизвикан од наводната неточност на Комисијата за контролирани психоактивни супстанции, по одлуката на ОН за отстранување на канабисот од списокот на наркотични средства.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.