Србија ќе набави четири хеликоптери Ми-35 кој во Русија е познат како "крокодил" додека Србите го викаат "ѓаволска кочија" и три хеликоптери Ми-17

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 6:33

Србија ќе купува борбени хеликоптери Ми-35 од Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На минатонеделниот форум „Армија 2018“ во Русија, една од најоглемите изложби на оружје и воена техника во светот, делегацијата на Србија најголемо внимание му посветила на борбениот хеликоптер Ми-35.

Во моментов се работи на тоа првите „триесетипетки“ во Белград да пристигнат за големата воена парада која се одржува во ноември по повод победата во Првата светска војна.

Според српскиот воен експерт Светозар Јокановиќ, Ми-35 е всушност извозната ознака на најпознатиот руски борбен хеликоптер Ми-24В „крокодил“, чие сериско производство почна уште во далечната 1976 година.

„По бројните унапредувања остана во производство до денешен ден и сѐ уште е баран на светскиот пазар. Претставник е на советската концепција на јуришен борбен хеликоптер која подразбира оклопен и силен хеликоптер, кој повеќе се потпира на брзината отколку на своите маневарски способности. Таквиот хеликоптер е поуспешен при дејство од налет отколку при лебдење или при мали брзини“, вели Јокановиќ.

Тој истакнува дека Ми-35 денес и не е најдобриот борбен хеликоптер кој се произведува во Русија. Новите Ми-28 и Ка-52 се посовремени концепции и пружаат поголемо ниво на заштита на екипажот, имаат значително подобри маневарски карактеристики, помоќни сензори и вооружување, но нивната продажна цена и трошоците за одржување се значително повисоки.

„Покрај тоа што е поекономично решение за земјите како Србија, Ми-35 има една особина која неговите конкуренти ја немаат – покрај огнената поддршка на трупите на земја овој хеликоптер може да се користи за специјален десант (може да превезува до осум војници со лично вооружување), за транспорт на оружје и опрема или медицинска евакуација на ранетите од линијата на фронтот“, вели Јокановиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според последните податоци објавени денеска од Националната комисија за здравство во Кина,  земјата во текот на вчерашниот ден биле регистрирани дури 508 новопотврдени случаи заразени од коронавирус. Вкупниот број на заболени од смртоносниот вирус во Кина изнесува 77.658.

ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ ИЗВЕШТАЈ: Коронавирусот сепак води потекло од САД?

Kоронавирусoт се повеќе се шири низ светот. Овој смртоносен вирус Ковид-19 шири страв...

Премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Душко Марковиќ се исто така присутни на самитот во Лондон.

Брнабиќ во сендвич помеѓу Курти и Пленковиќ: Тие се смеат, а нејзината реакција ја воодушеви Србија

Новинарот и аналитичар, Тим Џуда, на првиот ден од Самитот на ЕБРД во Лондон, објави...

Станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија. Лицето било со хронични болести и хоспитализиран во Бергам пренесува италијанската агенција Анса.

ИТАЛИЈА ВО ПАНИКА: Коронавирусот ја однесе и четвртата жртва

Италијанските власти денеска соопштија дека како последица од коронавирусот починало...