
Свет
Балкан
НАТО-бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни1999 година, како дел од Косовската војна.Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
Таа година, Германија за прв пат учествувала во воздушни напади по Втората светска Војна.
По 20 години од овој немил настан кој многу семејства зави во црно, и им нанесе непоправливи штети, германските активисти сакаат да покажат знак на солидарност и бараат од српскиот народ простување за контроверзниот напад.

Иницијатор на примирјето е политичкиот научник и професор Раинер Ротхфус. Во интервју за Спутник тој нагласи дека не постоела одлука на Советот за безбедност за воената операција во југославија, а ангажирањето на Германските активисти бил почеток на првата нелегална меѓународна војна,од периодот на нацистите.
– Ние не водиме војна, но сме повикани да пронајдеме мирно решение за Косово со воено оружје- со овие зборови германскиот канцелар Герхард Шредер на 24 март 1999 година го објави учеството на Германија во воздушните напади над Југославија.
За потсетување оваа војна започна во текот на 1998. и 1999 година кога на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.
Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.