По овој празник следи 8 септември кој се паѓа во недела, па поради тоа се преместува за понеделник 9. септември кој е неработен ден.

Објавил: Перо Милчин | 25 август, 2019 11:46

Среда 28 август неработен ден за православните верници во Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој е во среда на 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

По овој празник следи 8 септември кој се паѓа во недела, па поради тоа се преместува за понеделник 9. септември кој е неработен ден.

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Овој ден се празнува на 15 август по новиот календар, или 28 август по стариот календар. Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава.

Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната и католичката. Сите го слават денот на Успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат Јулијанскиот календар, оваа дата паѓа на 28 август, а на празникот му претходи 14-дневен пост. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда.

АМЕРИКА НЕ ЗАБОРАВА: 18 години од најголемиот терористички напад во историјата на човештвото!

Исламистите од „Ал Каеда“ на 11 септември во 2001 година го извршија најголемиот терористички...

Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

ЧЕСТИТ 8 – МИ СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Република Македонија денеска одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум...

Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

Честитка од БИГОРСКИ МАНАСТИР по повод 8-ми септември Денот на независноста!

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани...

Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче“, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите.

ПОДАРОЦИ, МУЗИКА И ЗАБАВА: Зоолошката градина утре ќе го прослави 93-от роденден!

Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и многу други изненадувања...