Македонија
Вести
Премиерот Зоран Заев имаше средба со Катлин Чаба, амбасадорка на Канада, која го завршува својот мандат во нашата држава.
На состанокот бешe констатирано дека пред државава и граѓаните се нови историски можности, коишто се гледаат во евроинтеграцискиот процес и во економскиот развој и во таа насока е пренесена цврста поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредувањето на економијата!

Македонија има континуирана поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредување на економијата.
На средбата со канадската амбасадорка, Катлин Чаба, изразив благодарност за пријателската и принципиелна поддршка од канадскиот премиер, Џастин Трудо, кој ја охрабрува и нашата држава и светот, со неговите позитивни политики, потенцираше Заев!
Потврда за добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Канада е и соработката за време на здравствената криза. Пред двете држави се можности за поинтензивна соработка на економски план, како и меѓу министерствата за внатрешни работи и за одбрана.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.