На средбата Заев со членовите на Државната изборна комисија бил и министерот за комуникации отчетност и транспарентност Роберт Поповски

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 15:13

Средба на Заев со членовите на ДИК: “Референдумот е обврска од важен државен карактер”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија [ ДИК].

“И Владата стои на располагање на принципиелно ниво согласно законските овластувања да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме.” – рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на ДИК Оливер Дерковски и членовите на Државната изборна комисија.

Заев порача дека сите имаат одговорност професионално да одговорат на своите должности.

“Верувам дека секој ја знае својата професионална и човечка одговорност за овој важен процес. Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата.” – потенцира Заев.

Дерковски и членовите на ДИК посочија дека работат професионално штедливо и домаќински како и дека ќе продолжат во таа насока за достоинствено да одговорат на законските обврски пред граѓаните.

На средбата со претседателот и членовите на ДИК присуствуваше и министерот за комуникации отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постапка за оценување на стажот на јавните обвинители додека се членови на Советот на јавни обвинители – Уставен ја прифати иницијативата на обвинителката Ристовска

Уставен поведе постапка: На скандалозен начин се унапредувале обвинители

Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите....