Од Сојузот на средношколците денеска, одлуката на МОН и Владата за почеток на учебната година од далечина ја нарекоа скандалозна, бидејќи, како што велат ниту учениците ниту родителите не биле консултирани пред нејзиното донесување.

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 7:06

Средношколците бараат комбинирана настава или ќе бојкотираат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во сабота, 51 претставник на средношколците од 17 града во земјава ќе одлучат како ќе реагираат на одлуката за онлајн-настава, дали ќе бојкотираат или ќе протестираат, пренесува 360 степени!

Бојкот на наставата или протести. Средношколицте не се задоволни од одлуката на Владата за почеток на наставата од далечина.

Од Сојузот на средношколците вчера одлуката на МОН и Владата за почеток на учебната година од далечина ја нарекоа скандалозна, бидејќи, како што велат ниту учениците ниту родителите не биле консултирани пред нејзиното донесување.

„Особено што ова се направи на 11 дена пред 1 септември, кога нема ниту доволно време за подобрување на ИКТ-вештините на наставниците“, вели Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколците на Македонија, единствено такво тело во земјава.

Според истражувањето што го направиле членовите на сојузот на средношколци, само 7,9 отсто од учениците сметаат дека онлајн наставата е целосно ефикасна, а 59 отсто од нив рекле дека не секој има доволен пристап до потребната опрема.

Затоа, тие бараат комбинирана настава.

„Дел од учениците да ја следат наставата од дома, а останите физички да присуствуваат во училниците. Учениците да се менуваат на смени. Засилени хигиенски мерки, задолжително носење маски. Сметаме дека комбинираниот метод е најдобар и најефикасен поради повеќе причини, но ние сме сериозно загрижени од пристапот на МОН. Ние никогаш не бевме консултирани и се оградуваме од нивната одлука. И не, немаме доволно време“, велат од Сојузот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование