По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и одредени членови на групата, Вилијамс ја напушти групата Take Тhat  во 1994 год. за да започне своја соло кариера. На 15 јули 2010 год. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 февруари, 2020 11:54

Среќен роденден Роби Вилијамс- пејачот денес полни 46 години но се уште изгледа безпрекорно!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот пејач Роби Вилијамс, или Роберт Питер е роден денеска во 1974 год.Вилијамс се прослави со првото појавување на групата на почетокот и на средината на ’90 – те години.

Вилијамс е роден на 13 февруари 1974 год. во Стоук-он-Трент од страна на Питер и Џенет Вилијамс. Него и неговата постара сестра Сали ги одгледа нивната мајка Џенет која се разведе од нивниот татко, стенд-ап комичарот Питер Парп Конвеј, уште кога Роби имаше три години. Вилијамс учеше во основното училиште Мил Хил во Стоук-он-Трент, потоа во римокатоличкото училиште Св. Маргарет Вард, а исто така учеше и во училиштето за танцување УКДДФ (UKDDF) во Тунстал. Тој учествуваше во неколку училишни претстави, а неговата најголема улога беше онаа на Артфул Доџер (Artful Dodger) во продукција на Оливер! Како талентиран фудбалер, Вилијамс кратко време играше за фудбалскиот клуб Порт Вајл и поради повреда на глуждот заврши тоа што беше ветувачка кариера. По ова и пред да стане член на групата Take That, Вилијамс работеше и во пекара и како продавач на двојни прозорци, но беше отпуштен поради тоа што го фатиле како ги советува клиентите да не го купуваат производот.

По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и одредени членови на групата, Вилијамс ја напушти групата Take Тhat  во 1994 год. за да започне своја соло кариера. На 15 јули 2010 год. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.

Вилијамс има продадено повеќе од 55 милиони плочи низ светот. Тој е најдобро продаваниот британски соло изведувач во Велика Британија и најдобро продаваниот нелатино изведувач во Латинска Америка. Шест од неговите албуми се наоѓаат помеѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија. Тој исто така беше почестен со петнаесет BRIT Awards (Британски музички награди) повеќе од било кој друг изведувач, како и со седум ECHO Awards. Во 2004 год. тој беше примен во музичката хала на славните на Велика Британија откако беше изгласан за ,,најдобар изведувач на ’90-тите”.

Се тврди дека Вилијамс има продадено повеќе албуми во Велика Британија од било кој друг британски соло изведувач во историјата и досега има добиено повеќе Брит награди од другите изведувачи. Продажбата на неговите албуми е над 57 милиони копии низ целиот свет. Вилијамс влезе во Гинисовата книга на свтски рекорди откако беа продадени 1,6 милиони билети во еден ден за неговата најавена светска турнеја за 2006 год.

Му беа доделени многу награди вклучувајќи шеснаесет BRIT и седум ECHO награди. Во 2004 год. беше примен во Британската музичка хала на познатите откако беше изгласан за најголем изведувач на ’90-тите.

Тој се појавува шест пати на листата на Топ 100 најдобро продавани албуми во Велика Британија.

На 23 октомври 2009 год. беше објавено дека тој ќе ја добие наградата за „Исклучителен придонес во британската музика“ на Британските музички награди 2010. Вилијамс ја доби својата награда на 16 февруари 2010 год. на крајот на церемонијата и изведе мешавина од неговите најголеми хитови како Let Me Entertain You, No Regrets, и Angels.

Во петокот на 3 септември 2010 год. во шоуто во кое беа The Wanted” и Алеша Диксон, Вилијамс ги вклучи светски познатите Blackpool illuminations и изјави дека тоа е најголемата работа што некогаш ја постигнал.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит - Вела Лука.

ДВЕ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ: Златниот глас на Балканот, вљубеникот во морето и музиката!

Денеска навршуваат две години од смртта на Оливер Драгојевиќ (Сплит, 7 декември 1947 – Сплит, 29...