Марко Пејчиновски денеска околу 18:30 часот тргна од Градското пристаниште во Охрид, да се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското езеро.

Објавил: Сара Фемина | 27 август, 2019 19:58

СРЕЌНО МЛАД ХЕРОЈУ: Охриѓанецот Марко почна да го плива маратонот од 64 километри!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Со насмевка и кренати раце, 13-годишниот Марко го започна најавениот подвиг на Охридското Езеро.

Македонскиот херој Марко Пејчиновски, денеска околу 18:30 часот тргна од Градското пристаниште во Охрид, да се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското езеро.

Марко од Охрид ќе плива до Свети Наум, па до Струга и назад до Охрид.

Марко од Охрид ќе плива до Свети Наум, па до Струга и назад до Охрид.

Тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но тоа не го спречува да се впушта постојано во нови предизвици.

Предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.

Марко ќе плива во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Минатата година Марко успеа да исплива маратон од Св. Наум до Охрид и така стана најмладиот пливач на кој му успеало такво нешто.

СРЕЌНО МАРКО!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Вечерва по победата на македонската одбојкарска репрезентација упати честитка до одбојкарите.

Мицкоски со порака за македонските одбојкари: Честитки за јуначката победа, Македонија е горда на вас

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со порака на својот Фејсбук профил упати...

Вербата во себе и својот тим, македонските одбојкари успеаа да дојдат до триумфот, и  да испишат историја. За првата историска победа на македонскиот национален тим во одбојка  најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

ВИДЕО: Ечеа македонски песни- вака одбојкарите ја слават историската победа

Македонскиот машки национален тим во одбојка, ја совлада Белорусија со 3:1 (по сетови...

Како што објави францускиот весник, Шумахер треба да биде ставен на специјална терапија со матични клетки со чија помош ќе му биде зајакнет имунитетот.

Шумахер префрлен во болнинца Париз на специјална терапија со матични клетки

Легендата на Форула 1 Михаел Шумахер кој во 2013 година доби страшна повреда додека...