СПЦ

Објавил: Калина Мартинска | 27 јануари, 2025 14:05

Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Патријархот на Српската православна црква, Порфириј ќе присуствува на церемонијата по повод празникот на српската заедница вo Македонија – Денот на Свети Сава кој ќе се одржи вечерва.

Порфириј ќе биде гостин на Македонската православна црква. На Светосавската академија која ќе се одржи вечерва во МНТ, патријархот ќе пристигне заедно со архиепископот Стефан. Честитки по повод денешниот празник испрати државниот врв.

Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет – се вели во честитиката на Претседстелката Гордана Сиљановска Давкова.

– Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина, вели Премиерот Мицкоски во својата честитка.

Светосавската академија е закажана за вечерва, детали ќе имаме во следните информативни изданија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.