На делница преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, возачите од Македонија и Србија ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста.

Објавил: Сара Фемина | 18 мај, 2019 18:47

ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ : Српскиот претседател Вучиќ го отвори за сообраќај Јужниот крак на Коридорот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српскиот претседател Вучиќ го отвори за сообраќај Јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција кај Грделичка клисура.

На денешната церемонија на отворањето заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше и нашиот премиер Зоран Заев.
Со отворањето на оваа делница кај Грделичка клисура, Србија преку коридорот 10 е целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Македонија до границата со Унгарија.

Целиот проект чинеше 400 милиони евра и ова беше најтешкото градилиште во Европа. Пред четири години на Коридорот 10 имало околу 36 милиони автомобили годишно, а веќе минатата година имало 56 милиони автомобили.

Тунелите Предејане и Манајле достигнуваат должина од 2,8 километри, минирани се ридови заради „скротување“ на природата, “исправнено” е коритото на реката Јужна Морава, а 33-те мостови се со вкупна должина од 5,7 километри. На делницата кај Гредичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а должината на сите потпорни конструкции околу 15 километри.

Поради големата тежина на изградбата, особено на Косината 2, каде што се урна дтој ел од ридот, изведувачите мораа да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградени се 7.000 тони арматура и отстранети се 170.000 кубни метри земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик.

Кој бил Светецот Јован Крстител- Црква денот по Богојавление ВОДИЦИ му го посветил на неговиот спомен

Јован Крстител или Јован Претеча е важен светец во христијанството, братучед на Исус...

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Во недела е Богојавление – ВОДИЦИ, денот кога водите стануваат лековити

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител...

Пријавувањето за ова традиционачно фрлање на крстот и светење на водите на реката Вардар почна на 2 јануари, а завршува на 17 јануари или два дена пред големиот празник.

ВО НЕДЕЛА СЕ ВОДИЦИ: Во Скопје 45 пријавени за спуштање на крстот

Денска за МИА Скопската епархија информираше дека до сега се пријавени 45 лица за учество...

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.

ТРАДИЦИЈА ЗА ВАСИЛИЦА – Обичаи, песни и верувања

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот...