
Македонија
Вести
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски, потврдија од неговиот кабинет.
На утрешната инаугурација во собранието за ново избраниот претседател, Стево Пендаровски, ќе присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој веднаш после победата на Стево Пендаровски му упати честитка по повод изборот за претседател.
„Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји“, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.
Покрај српскиот претседател Вучиќ, присуство на инаугурацијата потврдија и претседателите на Република Бугарија, Албанија и Косово, Румен Радев, Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи. Исто така најавено е на утрешната свечена инаугурација дека ќе присуствува и шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос како претставник на грчката влада.
Утре новоизбраниот претседател Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница на македонското собрание каде официјлано ќе го отпочне неговиот петгодишен мандат како шеф на државата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.