65 годишниот српски експерт и професорите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис пред 20 години откриле дека протеинот интерферон бета кој помага кај настинка, им недостасува на оние кои боледуваат од астма и хронични болести на белите дробови. Врз основа на тоа, нивната компанија „Synairgen“ развила негова замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јули, 2020 10:20

Српски доктор спасува заболени од Ковид-19 со откритие старо 20 години !

Фото/Текст извор: ©медицина и здравје

Српскиот професор Ратко Ѓукановиќ кој е еден од најдобрите светски експерти за астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, заедно со двајца колеги од Универзитетот во Саутхемптон дошол до големо откритие во лекувањето на пациентите заразени со коронавирусот, пишува „Телеграф.рс“, пренесува Медицина и здравје.

65 годишниот српски експерт и професорите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис пред 20 години откриле дека протеинот интерферон бета кој помага кај настинка, им недостасува на оние кои боледуваат од астма и хронични болести на белите дробови. Врз основа на тоа, нивната компанија „Synairgen“ развила негова замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“.

Клиничкото истражување на нивниот лек SNG001, базиран на интерферон бета, е завршено пред неколку дена и покажало дека пациентите заразени со коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија отколку со плацебо. На примероците од 101 заразен било утврдено дека шансите за развој на тежок облик на болеста се помали за 79 отсто, додека чувството за губење на здив е исто така драстично намалено.

Директорот на компанијата „Synairgen“ Ричард Мардсен е пресреќен поради резултатите.

– За нив нема ништо подобро од тоа кога ќе видат дека нивниот лек лекува пациенти, а притоа заработуваат пари – рекол Мардсен откако акциите на неговото претпријатие скокнале за 540 отсто неколку часа по објавувањето на резултатите од студијата на 21 јули.

Од почетокот на годината вредноста на овие акции пораснала за неверојатни 3.000 отсто.

Бидејќи сите тројца научници имаат удел во компанијата, тие практично преку ноќ станале милионери, па така 0,56 отсто од акциите на доктор Ѓукановиќ сега вредат 1,6 милиони фунти (околу 1,75 милиони евра).

Клиничката студија е проширена на пациенти со поблага форма на болеста, додека на фармацевтската компанија „Rentschler“ ѝ е наложено да произведе милион дози пред следниот бран на епидемијата, што се очекува во Велика Британија оваа зима.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Професорот Марковски истакна дека во ова време сега, ќе биде многу лошо ако сите инфекции ги ставаме во „кошот“ на ковид.

Марковски: Позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест

Професорот Вело Марковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека носењето на...

Мамографскиот кабинет е опремен со GE Sennographe Pristina, најнова генерација на дигитален мамограф со специјален додаток за дојки со вградени импланти, достапен и за лица со инвалидитет.

НАЈСОВРЕМЕНА МЕДИЦИНСКА ТЕХНОЛОГИЈА НА ЕДНО МЕСТО, „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СОЗДАДЕ ДИЈАГНОСТИЧКИ ИМИЏИНГ-ЦЕНТАР КАДЕ ШТО СЕ ОТКРИВААТ СИТЕ БОЛЕСТИ ВО РАНА ФАЗА

Брза и прецизна дијагноза на сите болести, снимки со висок квалитет и резолуција, минимална...

„Изминатите неколку недели, за жал, сведоци сме дека епидемијата на коронавирусот не само што не стивнува, туку уште повеќе го зголемува својот интензитет, што се рефлектира преку голем број на новоинфицирани лица.

За една недела извршени 2.183 контроли, инспекциите продолжуваат со интензивни контроли и за новите мерки

Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот...