Во последниот период

Објавил: Калина Мартинска | 22 јануари, 2025 14:49

Српски медиуми со пофалби за инфраструктурните проекти на македонската Влада

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонија амбициозно ја почна 2025 година пишува српски Еуправо зато, медиум посветен на економски и бизнис вести, кој прави анализа за инфраструктурните проекти на Владата во Македонија.

Во прилог текстот објавен за нашата земја.

„Македонија амбициозно ја започна 2025 година. Во средината на јануари беа отворени два важни транспортни проекти. Најпрвин на 14 јануари официјално беше пуштен во употреба експресниот пат Градско-Дреново, а само неколку дена подоцна, на 17 јануари, свечено беше отворена реновираната железничка делница меѓу Куманово и Бељаковац.

Овие проекти, реализирани со поддршка на Европската Унија, Владата на Македонија и меѓународните партнери како што е ЕБОР, ќе ја подобрат безбедноста на патиштата, ќе го поврзат регионот и ќе го стимулираат економскиот раст. Претставниците на Транспортната заедница кои присуствуваа на отворањето истакнаа колку овие проекти се важни за целата транспортна мрежа на Западен Балкан.

Новиот експресен пат меѓу Градско и Дреново ќе го промени начинот на кој луѓето и стоката се движат низ регионот. Времето на патување ќе биде пократко, а врските меѓу Македонија и Грција ќе се зајакнат, отворајќи нови можности за трговијата и економијата. Локалните жители покрај патот ќе имаат корист од почист воздух, помала бучава и побезбедни премини бидејќи транзитниот сообраќај ќе биде пренасочен.

Отворање на делница од Коридорот VII

Вниманието изминативе денови беше насочено и кон железницата. Отворена е првата делница од Коридорот VIII, важен пат кој ќе ги поврзува Скопје и Софија, поврзувајќи ги Јадранското и Црното Море. Новата железничка делница меѓу Куманово и Бељаковце на патниците им овозможува побрзо и поудобно патување, а стопанството добива подобри можности за транспорт на стоки.

Овој дел е дел од Коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран, еден од деветте делови на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T), која го поврзува Западен Балкан со Европската Унија. Овој коридор не само што ја олеснува трговијата и патувањето, туку му помага и на регионот подобро да се поврзе економски со ЕУ.

Коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран ги поврзува земјите од Централна Европа со пристаништата на Јадранот и Источниот Медитеран преку Западен Балкан. Минува низ осум земји-членки на ЕУ: Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Грција, Кипар и Италија, како и низ целиот Западен Балкан“, пишува медиумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести