– Изборите од 6 октомври се избори на Република Косово и на нејзините граѓани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2019 11:46

Српски политичари не смеат да влезат во Косово!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Забрана за влез во Косово, добија официјални претставници на властите во Србија, од страна на Министерството за надворешни работи на Косово.Имено ваква одлука е донесена со цел да го спречи нивното учество и агитирање во кампањата за изборите што ќе се одржат на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на кабинетот на вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, Јетлир Зиберај преку својата страница на Фејсбук објави дека властите во Приштина ја донесоа оваа одлука поради притисоците што врз српската заедница во Косово ги врши официјален Белград.

– Изборите од 6 октомври се избори на Република Косово и на нејзините граѓани. Официјални лица од Белград ќе бидат спречени да водат изборна кампања за косовските избори. Нема да се толерираат ниту заканите врз српската заедница во Косово од страна на Белград. Белград ја знае реалноста во Косово и треба да се однесува согласно таа реалност, да го почитува Уставот и законите на Косово. – напиша Зиберај.

Одлуката на косовското МНР уследи по реакциите на неколку партии на косовските Срби, обединети во коалицијата „Слобода“, кои го обвинуваат Белград дека врши притисок, со уцени и закани, врз српското население во северно Косово, во полза на партијата Српска Листа (СЛ), која има отворена поддршка од властите во Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Меѓу лицата на кои им е забранет влез во земјата е заменик-директорот на канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Дамјан Јовиќ, кој за одлуката на Приштина рече дека претставува продолжување на „репресијата и политичкото насилство врз српското население и врз Српската листа“.

Јовиќ за косовската телевизија на српски јазик „Мост“ изјави дека во текот на вчерашниот ден требал да посети неколку населени места во општините Србица и Вучитрн и дека намерата му била да ги повика тамошните Срби да гласаат за СЛ.

– Приштина треба да разбере дека српскиот народ не гласа за СЛ поради нас, на кои ни се забранува влезот, туку српскиот народ ја поддржува СЛ бидејќи ја сака Србија и тоа никој нема да го смени. – изјави Јовиќ.

Порталот Коха.нет објави дека и другиот заменик-директор во српската Канцеларија за Косово, Душан Козарев, во саботата бил запрен од косовската полиција на патот Ранилуг – Новобрдо, во близина на границата со Србија, по што бил принуден да го напушти Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

- Тајно одењето во просторијата за прислушување и исклучување на безбедносните камери е сериозно кривично дело и тие мора да се соочат со правдата - рече Тачи.

ХАЧИМ ТАЧИ НЕМИЛОСРДЕН: Албин Курти е НАРКО-ДИЛЕР, местото му е во ЗАТВОР!

Косовскиот претседател Хашим Тачи го обвини „техничкиот премиер“ Албин Курти дека...

Таа на Фејсбук изјави дека албанските вооружени сили биле ангажирани за време на пандемијата.

АЛБАНСКИ ВОЈНИЦИ ЗА ПРВ ПАТ НА КОСОВО: Единицата за посебни операции ќе служи во рамките на КФОР!

Албанската министерка за одбрана, Олта Џжака, денеска објави дека албанските воени...

Ѓуриќ прецизираше дека лекарите и медицинските сестри се запрени вчера на административниот премин Мердаре, иако офицерот за врска веќе го најавил нивното пристигнување.

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Властите во Приштина им забранија на српските лекари да влезат во Косово!

Властите во Приштина спречија 20 српски лекари и медицински сестри да влезат во Косово...