-Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна.

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 21:47

СРЦЕТО НА ЕМИЛИЈА СЕГА ЧУКА ВО ИВАН: Ова е човекот кој ја издржа првата трансплантација на срце во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Фокус

 -Се ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните се нижеа еден по друг за многу кратко време, но полека се совземаме и ги средуваме мислите. Песимизмот дека мојот татко Иван ќе добие срце, дека ќе добие шанса за живот, денес веќе е зад нас – за „Фокус” раскажува Васил Огњановски, син на Иван (54), првиот пациент во земјава кој по пат на трансплантација од починат донор доби срце.

Комплицираната операција се случуваше синоќа, цели шест часа, кои семејството на Иван од Скопје ги поминало во грч и неизвесност. Кога утринава во телефонски разговор од клиниката ги известиле дека се е во ред, дека новото срце на Иван започнало да чука, заплакале од среќа.

-Се започна сосема ненадејно. Татко ми по професија е молер, долги години живееше во Русија, се врати пред околу пет години. Немаше здравствени проблеми, но пред околу четири месеци започна да се жали на отежнато дишење, на умор.

По прегледите на клиника, му беше направена коронарографија на срцето. Препораката беше да му се направи бајпас операција. Но, ноќта пред операцијата, работите тргнаа лошо. На татко ми му се слошило на клиника, паднал во клиничка смрт, лекарските тимови го реанимирале цели десет минути… Го вратија назад, го спасија. Денес по втор пат го спасија неговиот живот, кога му го трансплантираа новото срце – раскажува Васил.

Комплицираната операција се случуваше синоќа, цели шест часа, кои семејството на Иван од Скопје ги поминало во грч и неизвесност. Кога утринава во телефонски разговор од клиниката ги известиле дека се е во ред, дека новото срце на Иван започнало да чука, заплакале од среќа.

Вели дека кога лекарите пред неколку месеци му кажале дека единствена шанса за живот му е трансплантација на срце, или евентуално да добие механичко срце, целото семејство гледало песимистички на прогнозата и не верувале дека Иван ќе се спаси. И самиот Иван, не верувал дека некогаш ќе добие срце, бидејќи таков зафат во земјата се немаше направено на ниту еден пациент. На некој начин, се помирил со судбината дека треба да го чека судниот ден.

Пред два дена првин мене ми се јавија од клиника, ми рекоа да му пренесам на татко ми да оди на контрола. За кратко и него му се јавиле, го известиле дека има срце, дека семејството на починатото лице е согласно да го донира. Тој многу се исплаши, дури и не сакаше да оди. Морав да го убедувам, му појаснував дека ова е неговата единствена шанса за живот. Ќе одиш и ќе живееш, или ова ќе биде крајот, му реков.

Друго нема. Некако ме послуша, со страв замина на клиника. Му беа направени сите потребни испитувања, му кажаа дека трансплантацијата може да се изврши. Тој до последното не веруваше дека сето тоа се случува, дека ќе биде првиот пациент во Македонија кој ќе добие срце од донор- вели Васил.

Околу срцето, единствено им било кажано дека е од жена која починала во сообраќајна несреќа. Дури утринава Васил од медиумите го дознал името на жената чие срце сега чука во градите на неговиот татко, за прв пат на фотографија го видел нејзиниот лик.

-Денес од медиумите дознав за Емилија, за нејзиното семејство, за тоа дека е од Стар Дојран, дека со мопед имала сообраќајна несреќа, по што доживеала мозочна смрт. Го видов нејзиниот лик на фотографиите, не можам да ви опишам како се чувствуваме сите. Им праќаме благослов на нејзините блиски, на семејството кое покажа невидено човекољубие и се реши да спаси три животи, на татко ми и на уште две лица со бубрежни болести, на кои им се донираа нејзините бубрези. Сочувствуваме со големата болка на нејзиното семејство, искрено би сакале да се запознаеме, лично да им се заблагодариме. За овие теми, вистински зборови не можат да се најдат. Благослов до сите кои учествуваа во целиот процес, до лекарски тимови, до целата јавност која покажа голема солидарност и ни даде огромна поддршка – појаснува Васил.

Вели дека се уште не го видел неговиот татко, бидејќи според процедурата, постепено ќе го буделе. Раскажува дека се надева како закрепнувањето ќе помине во најдобар ред, дека телото добро ќе го прифати новото срце. Апелира до јавноста да се подигне свеста кога е трансплантацијата во прашање, бидејќи донирањето на органи спасува животи.

Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна.

Се обидов да бидам смирен, па му реков дека сите го чекаме да ни се врати жив и здрав. Кога од клиника ми кажаа дека срцето е прифатено и почнало да чука, беа тоа магични зборови кои ми донесоа едно големо олеснување, кои во мене предизвикаа една благодарност кон храброто семејство на Емилија, се создаде една врска помеѓу нас, која вечно ќе трае. Вечно да се благословени тие големи луѓе – раскажа Васил Огњановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

За блискоста како што ја нарекува помеѓу двата народи, Заев вели дека најдобар пример е сличноста на јазикот. Ние многу добро се разбираме, а од двете страни на границата, имаме роднини и пријатели кои често ги посетуваме – вели Заев.

Заев: Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, Делчев е заеднички револуционер

Македонија и Бугарија немаат споделена туку заедничка историја – вели во интервју...

Понудивме многу работи како решенија за ковид-кризата, но односот на власта е ингорантски и бевме одбиени, вели лидерот на опзициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Незадоволен сум од справувањето на здравствените власти со короната

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител изјави дека е...

Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија.

Петровски тврди дека ќе има смена на Мицкоски, Николоски ќе биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ!

Опозициската ВМРО ДПМНЕ подготвува смена на актуелниот лидер на партијата, Христијан...

Се повеќе пациенти со Ковид-19 се примаат во болница. Исполнети се веќе и првите катови од интернистичката клиника во Скопје, а почнуваат да се примаат пациенти и во хируршките одделенија.

Ова е вонредна состојба во нашиот здравствен систем, вели Филиче

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Сител...