Од Владата сметаат дека правото на штрајк е легитмно и додаваат дека нивен став е да се најде системско а не ад хок решение и методологија и со тоа да се избегне само навидум решевање на проблемот и повторување на истата ситуација наредната година и при секое покачување на минималната плата.

Објавил: Мате Парлоф | 21 јуни, 2022 16:12

ССМ излегува на генерален штрајк

Фото/Текст извор: ©telma

ССМ од утре почнува со најавениот генерален штрајк откако пропаднаа сите обиди за договор со Владата и исполнување на нивните барања за усогласување на платите, враќање на регресот за годишен одмор од наредата година во висина од 30 до 100 отсто од просечната плата како и нов колетивен договор.

Утрово во ССМ синдикалците се сретнаа со вицепмиерот Битичќи, министерот за финансии Бесими и за труд и социјала Тренчевска но разликите не беа надминати.

НЕ СЕ ДОГОВОРИВМЕ, УТРЕ ОДИМЕ НА ШТРАЈК. ТОА Е НАШЕ ЛГИТИМНО ПРАВО ДА ГО ИЗРАЗИМЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО. ЌЕ СЕ ШТРАЈКУВА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА СО ПРЕКИН НА РАБОТАТА ВО ТЕКОТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ. ДОДЕКА ССМ КАКО ПРЕДВОДНИЦИ НА ОВОЈ ШТРАЈК, ЌЕ ИЗРАЗИМЕ ДРУГО НЕЗАДОВОЛСТВО И ЌЕ ОТИДЕМЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО КАДЕ ЌЕ НАРЕДИМЕ 120 СТОЛЧИЊА КОИ ЌЕ ГИ ПРЕСТАВУВААТ ПРАТЕНИЦИТЕ ВНАТРЕ ВО СОБРАНИЕТО И ЌЕ БАРАМЕ ДА БИДЕ УСВОЕН АМАНДМАНОТ НА ССМ, СООПШТИ ДАРКО ДИМОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ.

Од Владата сметаат дека правото на штрајк е легитмно и додаваат дека нивен став е да се најде системско а не ад хок решение и методологија и со тоа да се избегне само навидум решевање на проблемот и повторување на истата ситуација наредната година и при секое покачување на минималната плата.

НИЕ ОСТАНУВАМЕ НА ФАКТОТ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПРИМЕНИ УСОГЛАСУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ СО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. ТРЕБА ДА СЕ ДЕФИНИРА. НО, ТОА ТРЕБА ДА СЕ СЛЕДИ СО МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАСТ НА ПЛАТИ ЗА ДА НЕ СЕ ВРАЌАМЕ НА ИСТАТА ДИСКУСИЈА ШТО ЈА ИМАМЕ СЕГА И НАНАЗАД 30 ГОДИНИ ПРИ СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. ЗА К-15 КОЈ Е ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВЕЌЕ ИМАМЕ КОНКРЕТЕН ПРЕДЛОГ, ИЗЈАВИ ФАТМИР БИТИЌИ, ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА

За ССМ новата методологија како адут на Владата е само купување на време.

ВО МОМЕНТОВ НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗНАЧИ КУПУВАЊЕ НА ВРЕМЕ И НЕДОГОВАРАЊЕ НА ОНА ШТО НИЕ ГО БАРАМЕ. НЕКА ПОВЕЛАТ ДА ПОТПИШЕМЕ ЕДНА СПОГОДБА КАДЕ ШТО ЌЕ УТВРДИМЕ ОД 1 ЈУЛИ ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ 2.806 ДЕНАРИ А НИЕ ЌЕ СЕ ОБВРЗИМЕ ВО СПОГОДБАТА ДЕКА ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ЈА НАПРАВИМЕ ТАА МЕТОДОЛОГИЈА, ОБЈАСНУВА ДИМОВСКИ.

Разочарување кај Синдикатот доаѓа откако вчера на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.

ССМ се обиде да издејствува договор преку процесот на медијација, кој го почнале пред десетина дена но на нивно изненадува, до вчера немало никаков контакт, а утрово според нивното кажување помирувачот пристигнал комплетно неподготвен.

Уште во генерален штрајк стапуваат војската, полицијата, вработените во образованието, здравството, комуналните претрпријатија, општините, Управите, државните претпријаија и администрацијата односно секаде каде што има синдикални организации. За да може граѓаните да ги остватар своите елементарни потреби од ССМ соопштија дека јавниот сектор ќе работи со капацитет од 10 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...