Мандатарот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски е врвен е експерт, но прашањето за неговото назначување на гувернер на Народна банка воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано.
Поранешниот вицепремиер и екс-министер за финансии, Зоран Ставрески нема да биде нов гувернер на Народната банка. Ова денеска го обелодени идниот премиер Христијан Мицкоски.
-Моето мислење за господинот Ставрески е врвно, тој е исклучителен експерт и врвен познавач, но таа тема воопшто не била на дневен ред, ниту била дискутирана, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на ЗЕЛС, на која беше поканет да присуствува.
Дел од медиумите во текот на вчерашниот ден објавија дека Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за гувернер на Народна Банка.
Ставрески беше дел од владиниот естаблишмент од 2006 до 2015 година кога даде оставка. Прво беше вицепремиер за економски прашања, но по заминувањето на Трајко Славески од функцијата министер за финансии, беше избран и на таа позиција.
Во 2021 година, беше објавено дека се враќа на партиската сцена како дел од работно тело на ВМРО-ДПМНЕ за следење на реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.