Во тој цртан Коби излегува од руштевините на хеликопетрот, но за жал во реалноста му немаше спас.

Објавил: Весна Петровска | 27 јануари, 2020 15:22

СТАНУВА СЕ ПОМОРНИЧАВО: Предвидена е смртта на Коби Брајант во хеликоптерската несреќа!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, што една личност ова одамна го имаше најавено.

Сега збучи морничаво, но корисник на Твитер под името „Носо“ уште во 2012 година напиша:

– Коби ќе загине во хеликоптерска несреќа, стои во твитот.

Сега подеднакво страшно изгледа и своевремено е направен краток цртан филм од падот на хеликоптерот.

Во тој цртан Коби излегува од руштевините на хеликопетрот, но за жал во реалноста му немаше спас.

За потсетување, во тешка хеликоптерска несреќа вчера во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41).

Покрај него, животот го загубија и осум други лица. Несреќата се случила околу 9:47 минути по локално време.

Една од жртвите е идинтификувана како 13-годишната Џијана, една од четирите ќерки на Коби Брајант.

Загинало уште едно девојче, Алиса, која била соиграч на Џијана во нивниот кошаркарски тим. Таа била придружувана од нејзините родители, Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон имал 56 години и работел како тренер за бејзбол на колеџ во округот Оринџ. Тој и сопругата ја придружувале нивната ќерка на натпревар кој требало да се одигра напладне.

Ќерката на Брајант, Џијана, и Алиса Алтобели заедно играле кошарка за академијата „Мамба“. Алтобели редовно патувал на натпреварите на неговата ќерка.

Подоцна се дозна дека меѓу загинатите е Кристина Маузер, кошаркарска тренерка во приватно училиште во округот Оринџ.

-Децата и јас сме уништени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Молиме да ја почитувате нашата приватност. Благодарни сме за сите пораки за поддршка, многу ни значат во овие тешки моменти, напиша нејзиниот сопруг Мет на „Фејсбук“.

Според Си-би-ес Лос Анџелес, во хеликоптерската несреќа загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон, а пилотот е идентификуван како Ара Зобајан, пренесува хрватски „Индекс“.

Причината за несреќата на хеликоптерот сè уште се истражува. Но, она што е познато е дека на летот имало многу проблеми. Времето било лошо, речиси ништо не се гледало поради магла.

Пилотот често ја менувал висината и бил предупреден дека лета премногу ниско. Тој планирал да слета на аеродромот во Бурбенк, но кружел околу 15 минути, чекајќи дозвола за слетување поради лошото време и другите летала кои требало да слетаат на аеродромот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката...

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати...

Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.

Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година,...