
Македонија
Вести
Возила стари по неколку децении, ниски плати, а се помалку ги има оние кои ја носат униформата, Скопје денеска го одбележува денот на „Хероите на градот“.
Во речиси милионски град, само 180 лица се борат со оган од кои веќе голем дел се пред пензија, помагаат во сообраќајни незгоди и се први секаде каде што се потребни.. Командантот на скопската пожарна вели итно се потребни нови вработувања, а проблемите ги посочи и градоначалничката Арсовска.
Еден од оние кои се збогуваат со униформата Сретко Цимевски кој 40 години од својот живот ги поминал во бригадата, застанувајќи пред бројни предизвици и спасувајќи човечки животи, а до помладите порача, оваа работа се работи само навистина ако се сака…
Оној кој ќе дојде во противпожарната бригада навистина треба да ја сака работата и да ја извршува како што треба. Јас имам најмногу пожари и најмногу ризици, но ризиците не сум ги гледал се додека сум работел, немало ризици додека се работи, секогаш сме биле победници во работата,- Сретко Цимевски – Командант на чета.
А, денеска и покажаа дел од она што го нив им секојдневие.
Други пак покрај храброста и борбата со огнот, ја покажаа истата и во борбата со стереотипите, Билјана Денчовска е првиот пожарникар жена, ја носи униформата веќе 20 години, отворајќи го светот на пожарникарите за останатите жени во земјава…
Пред 20 години беше чудо, јас кога дојдов тука самиот командант се чудеше, вика, што ќе правам со тебе сега, ова е машки манастир?
Се соочила со бројни страотни ситуации, а дел од нив и ги сподели.
Мислата е сакаш да полеташ, едноставно да си таму на местото за да спасуваш, такво е чувството, ти не размислуваш за себе тогаш, размислуваш таму да се спасат повеќе, ако има луѓе. Бевме на поплавите, се сеќавам, таму видов и многу жртви имаше, сме се соочиле со страшни работи,- Билјана Денчовска – Пожарникар.
Најдобриот пожарникар во изминатата година вели дека е дел од група која е полна со хуманост и храброст и е чест да се дели со нив секојдевнието.
Ќефот ми е да спасувам, да бидам благодарен на професијата,- Пепи Трајчевски – Најдобар пожарникар во изминатата година.
А, по неговите стапки се подготвува да тргне и неговиот син.
Тато е најдобар пожарникар, многу добро работи. Кога ќе пораснам сакам да бидам пожарникар, зошто сакам со тато да работа- Марко Трајчевски – Син на пожарникар.
Пожарникарите велат што се однесува до опремата имаат малку подобри услови, но габаритната, како камионите е она што им недостасува. За Скопје е предвидено да има најмалку 450 пожарникари, а во моментов граѓаните ги опслужуваат трипати помалку.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.