Култура
Видео
„Стари песни, стари другари “ е насловот на новата песна на „Балкан бенд“, песна која ја промовираат заедно со спот.
Музиката, аранжманот и текстот ги доверија на двоецот Лазе и Магдалена Цветковски.
Досега, „Балкан бенд“ позади себе има 5 авторски песни и три спота, вклучувајќи ја и последната.
„Неверник“, „Зависен“, „Пелин и Мед“ и „Сам ме остави“ се првите четири хита на групата, која сериозно е посветена на создавање авторска музика, бидејќи според нивната девиза, само така квалитетот испливува на површина, а според сите коментари и прифатеност од страна на најголеиот критичар, публиката, токму таа го препознава тоа.
Септември е месец за новитети, бидејќи уште сега се најавува и новата, шеста авторска песна која ќе биде дуетска со Сузана Гавазова, за која исто така ќе се снима и спот.
Соработката со Лазе и Магдалена продолжува и кон крајот на оваа и почетокот на следната година, за кога се планира и промоција на новата песна, овој пат балада, која одговара и за тој период од годината, а ќе биде снимена и за нашиот, но и за српскиот пазар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фолк
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.