Инаку, СДСМ во следната влада на чело со Ковачевски ќе учествува со нови членови!

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 јануари, 2022 5:36

Старо-новите пријатели на Заев пак избрани за министри

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот лидер на СДСМ и се уште актуелен премиер Зоран Заев му честиташе на неговиот наследник Димитар Ковачевски, откако вчера официјално ги објави кандидатите за нови министри во идната влада, а воедно претстави и дел од владината програма.

„Честитки и со среќа Претседателе! Верувам во подршката од Парламентот, а исто така верувам дека ќе ја има и големата подршка од нашиот народ на кој одговорно и чесно ќе му служи“, напиша Заев на фејсбук, во коментар под објавата на Ковачевски, по денешните седници на партискиот извршен и централен одбор.

Инаку, СДСМ во следната влада на чело со Ковачевски ќе учествува со следните членови:

Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија

Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци

Славјанка Петровска, министер за одбрана

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Никола Тупанчевски, министер за правда

Љупчо Николовски, министер за земјоделство

Јована Тренчевска, министер за труд и социјала

Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Тие добија поддршка од партиските органи, со тоа што поранешниот скопски градоначалник и актуелен член на ИО Петре Шилегов, како што објавивме, изнел резерви кон дел од предлозите, сметајќи дека тие во голема мера биле заслужни за изборниот пораз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише.

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА! Министерот...

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат...

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

ДОМ - Канцеларија за односи со јавноста

ДОМ: Ќе ја напуштиме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше...

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година!

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се...