Денеска градоначалникот Шилегов изјави дека со осветлување на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“, в петок, на 6 декември со работа ќе почне новогодишниот базар „Винтерленд 2020“.

Објавил: Весна Петровска | 2 декември, 2019 14:30

СТАРТУВА НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА ВО СКОПЈЕ: Градот во петок во ПОЛН СЈАЈ – радост за најмладите!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во петок започнува новогодишната магија во Скопје, дечињата едвакј чекаат да светне новогодишната елка која го краси центароит на Скопје.

Денеска градоначалникот Шилегов изјави дека со осветлување на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“, в петок, на 6 декември со работа ќе почне новогодишниот базар „Винтерленд 2020“.

– Новогодишните куќички на „Винтерленд“ годинава ќе бидат сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година, соопшти Град Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера, каква што досега не сме имале.

– Минатата година „Винтерленд“ побуди голем интерес кај нашите сограѓани, а јас сум убеден дека годинава ќе биде посебна на свој начин и ќе привлече уште повеќе посетители. Не очекуваат многу музички изненадувања од земјава и од регионот, кои треба да ги задоволат сите вкусови и да гарантираат добра забава. Затоа, ги поканувам граѓаните да го посетат „Винтерленд 2020“ со своите најблиски, да уживаат во празничниот амбиент и да ја почувствуваат новогодишната магија, рече Шилегов на денешната прес-конференција на која ги претстави содржините на новогодишниот базар.

Град Скопје соопшти дека во близина на куќичките во „Винтерленд“ ќе биде сместена мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор се предвидени и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма што ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Имено денес по речиси еден месец од смртта на Драган, Мартин сакаше да ја потсети јавноста кој беше неговиот татко и напипа дека за него тој бил татко над татковците.

Мартин Вучиќ повторно со емотивна порака за Драган: За мене беше татко над татковците!

Музичарот и актуелен директор на Народниот ансамбл „Танец“, Мартин Вучиќ, денеска...

Џамбазов ја објави фотографијата денеска, а она што предизвика поголем сомнеж е тоа што актерката Весна Петрушевска која всушност е и многу блиска со Џамбазов, под фотографијата напиша дека кумата ( мислејќи на неа ) наскоро доаѓа да им се придружи во Дојран.

ИГОР ЏАМБАЗОВ ПОВТОРНО ЗАЉУБЕН: Ова девојката која му го освои срцето!

Познатиот македоснки актер, шоумен, пејач, водител, Игор Џамбазов, по долго време реши...

Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка.

(Фото) СЕ ОЖЕНИ РЕЏЕПИ: Ова е новата сопруга на реисот Сулејман Реџепи!

Неговата сегашна сопруга, Јетиши е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани...