ДСЗ: Собранието ќе реши кои прашања ќе ги има во Пописот 2020

Објавил: Сања Кукиќ | 11 февруари, 2019 12:01

Статистика-Собранието ќе одлучи дали ќе има етничка графа на пописот

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Крајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во Пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието на Република Македонија со донeсување на Законот за Попис 2020, истакнуваат од Државниот завод за статистика отфрлајќи ги како шпекулации сите тврдења дека следниот Попис на население ќе биде без прашањето за етничка припадност се шпекулации.

Во соопштението од Државниот завод за статистика стои дека во процесот на подготовка на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2020, Државниот завод за статистика минатата година започна широка јавна дебата во однос на предложените решенија за прашањата што ќе бидат вклучени во Пописот, но и за организациско-техничките аспекти на претстојниот Попис.

-Во овие дебати Заводот, како професионална и стручна институција од областа на статистиката и единствено надлежна за спроведување на Попис на населението, ги даде своите предлози меѓу кои и предлогот пописниот образец да не го содржи прашањето за етничка припадност. Овој предлог е вклучен и во Предлог-законот за Попис кој беше ставен на јавна расправа, а и доставен до сите релевантни институции за забелешки и сугестии, наведуваат од Државниот завод за статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На социјалните мрежи се појавија пост бомби во кои се слуша како Фрчковски се договара со Алберт Муслиу за замачкување на лустрација на Фрчковски.

Дали Фрчко и Алберт Муслиу лажирале лустрација?!

На социјалните мрежи се појавија пост бомби во кои се слуша како Фрчковски се договара...

Како што соопштија од Министерството, новите возила се опремени со најсовремена медицинска опрема.

Разликата е очигледна: Во 2019 година набавени се 12 возила за Итна помош, а во 2012 година дури 70 возила

Денеска Министерството за здравство соопшти дека се набавени нови 12 возила на...