Владата информира дека ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, и на негово место го именува лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, досегашен национален координатор за воени и полициски ветерани.

Објавил: Владо Марин | 4 ноември, 2020 9:37

Стево Крстевски нов директор на ФЗО, Стојанче Ангелов на ЦУК

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во рамки на најновите кадровски одлуки на Владата, Миле Сугарев e разрешен од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување, а за нов в.д. директор да се именува Стево Крстевски, кој доаѓа од општинскиот комитет на СДСМ во Велес, објави Фокус!

Според владиното соопштение, прифатена е оставката на Аднан Џафероски од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а на негово место доаѓа Беким Максути, поранешен заменик министер за одбрана од ДУИ.
 
Владата информира дека ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, и на негово место го именува лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, досегашен национален координатор за воени и полициски ветерани.
 
Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип.
Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владејачката...

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...