Претседателот на државата Пендаровски заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен вчера ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид, кои беа дел од Бадникова поворка што по седми пат се одржа во Охрид. Пендаровски со божиќни пакетчиња ги даруваше коледарчињата кои го посетија за да му ја најават радосната вест за Христовото раѓање.

Објавил: Весна Петровска | 7 јануари, 2020 11:39

Стево Пендаровски откри каде се паднала паричката

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска упати честитки до сите православни верници во земјата по повод големиот празник Раѓањето христово – Божик.

– Сакам на сите православни верници во земјата да им го честитам овој празник, еден од најголемите во христијанството – Денот на Христовото раѓање, и да им посакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства во мир, спокој и радост. Бидејќи се наоѓаме на почеток на нова година, на сите граѓани на нашата земја да им посакам поспокојна, побериќетна, поубава година од минатата. Се надевам дека секој наш личен напредок ќе значи напредок и на целата зеедница и државата во целина. и да се среќаваме по убави поводи, рече Пендаровски, кој заедно со сопругата присуствуваше на празничната литургија по повод Божик во црквата „Свети Ѓоргија“ во Охрид.

Традиционално како и во секое христијанско семејство во земјата, на Бадник и во семејството Пендаровски се вртеше погачата со паричка, која овојпат му падна токму на претседателот.

– Беше регуларно, не беше наместено, така што останува оваа година заедно со моите најблиски, со моето семејство ќе продолжиме да веруваме во вистинските вредности, со почит кон другите, солидарни кон останатите и да се трудиме да бидеме подобри луѓе, рече Пендаровски.

Претседателот на државата Пендаровски заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен вчера ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид, кои беа дел од Бадникова поворка што по седми пат се одржа во Охрид. Пендаровски со божиќни пакетчиња ги даруваше коледарчињата кои го посетија за да му ја најават радосната вест за Христовото раѓање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Така велат промените во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември, годинава.

Цигарите повторно поскапуваат- кутиите до крајот на годината стануваат двојазични

Пакувањата со по 19 цигари излегуваат од употреба, а во наредниот период сите пакувања...

Тендерот за набавка на учебници за наставата по странски јазици – кој заврши на 03.06.2020 и е уникатен затоа што се расплинува на набавка на нови учебници за СИТЕ 8 одделенија – треба по сите законски прописи да биде разрешен, односно доделен во рок од 30 дена.

Над милион евра ќе се потрошат на тендер за нови учебници кои секоја година се набавуваат

На само шест работни дена од одложениот почеток на учебната година, наставниците и...

Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ!

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ! Во текот...