Чест и задоволство ми е што сум покровител на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, туку и како човек кој и самиот е по потекло од ова село и од овој крај

Објавил: Перо Милчин | 14 јули, 2019 16:49

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ОТКРИ: “Моето потекло е од Галичник, јас сум од ова село”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот Стево Пендаровски заедно со својата сопруга и делегација на Владата, присуствуваа денес на Галичка свадба.

Заедно со неколку Министри од владата на  Република Македонија, претседателот Пендаровски присуствуваше денеска на Галичка свадба. Тој им посака на младите да добијат прекрасни дечиња со кои заедно ќе се радуваат.

Се надева дека ова незаборавно искуство ќе инспирира и многу други млади луѓе, кои имаат потекло од живописниот Галичник, да ја продолжат оваа прекрасна традиција со која ја збогатуваме неспорно и пошироката европска култура.

Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство. Тој во повеќе наврати бил вклучен во организацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

– Чест и задоволство ми е што сум покровител на годинешната Галичка свадба, не само како Претседател, туку и како човек кој и самиот е по потекло од ова село и од овој крај. Секое лето, Галичката свадба ни овозможува да уживаме во еден многу важен дел од мозаикот на нашето мултиетничко општество. Во овие денови на радост ќе ја следиме поворката на свадбарите, ќе се потсетиме на автентичните обичаи, на разнобојните носии, на свадбарските песни, на мијачкиот фолклор и ќе се насладуваме во живописниот пејзаж.

Пред многу години на Петровден во Галичник имало и по четириесет венчавки во црквата „Св. Петар и Павле“, а денеска сме сведоци на заветот на Огнен и Марина. Им посакувам многу слога, љубов и разбирање во нивниот иден заеднички живот.

Културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ започна синоќа со изведување на првите свадбени обичаи, во куќата на зетот каде се накити бајракот, а потоа со три истрели се означи почетокот еден своевиден фестивал на мијачкиот фолклор.

Посакувам радоста на едниот да се придодаде на другиот, а бремињата да им бидат двојно полесни, зашто бремето на едниот ќе го носи и другиот. Им посакувам да добијат и прекрасни дечиња со кои заедно ќе се радуваат. Нека им е со среќа!, рече тој.

– Сметам дека не треба да се задоволуваме со неколкудневна манифестација што ќе се одржува само на едно место, или само еднаш во годината. Да ги користиме овие манифестации како можност за оживување на руралните места низ земјата, да го развиваме алтернативниот туризам, да инвестираме во органското производство на храна, и со тоа да им нудиме несекојдневно искуство на домашните и на странските гости. Убеден сум дека потенцијалите се огромни, само треба да бидеме како галичаните – креативни, трудољубиви, храбри и убави се разбира, завршува тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани